Кога правото ќе ја сретне правдината

Кога сме веќе на ова, да забележам дека и делото за исклучително тешката злоупотреба на службената положба на Иванов со аболицијата не е застарено. Напротив, ќе трае уште многу години. На пример, баш си мислам, како лидерите на националистичката Левица политички не се сетија за тоа да го тужат Иванов, ами им текна да ги тужат Заев и Димитров за преговорите за името?! Или, барем, да поднесеа две тужби истовремено?)

2766

Прилично е, најблаго речено, нелогична и плитка, во правна, морална и политичка смисла, тезата на бранителите во процесите на СЈО дека функционери во владата на Груевски, бидејќи седеле во највисокото раководство на државата, не можеле истовремено да функционираат и како врвна власт и како организирана криминална група (или банда, како што во јавноста, без почит за пресумпцијата на невиност, повеќе се милува да се ословува ова некогашно државно-партиско раководство). Тоа било нелогично, неспоиво. Велат тие.

Е, зошто да не може?! Баш напротив: фактот што биле врвно раководство во државата им овозможил и значително им олеснил, од позиција на (апсолутна) власт да функционираат како организирана криминална група за, на пример, местење и крадење избори (во, најмалку, два наврати, во 2011 и 2014 г.). Што е тука спорно? Не само што не е неспоиво, туку се чини баш згодно споиво.

Ова ми звучи како оној легендарен аргумент на делови од истата одбрана дека СЈО, бидејќи се финансира од Буџетот на државата, не може да застапува случаи на криминал направени врз Буџетот, бидејќи и самите се „оштетена странка“ во спорот, па не можат да бидат објективни?!

Или дека прислушуваните разговори не можат да се користат во случајот за докажување на противправното прислушување, бидејќи биле нелегално направени (од страна на самите обвинети, за што им се суди!), нелегално „одземени“ (со храброста на свиркачите во УБК) и, божем, неуредно прибавени (од страна на обвинителите, за да основаат сомневања за обвинетите)?! Никој и не спори дека нелегално се прислушувало.

Или дека незаконската аболиција на Иванов, донесена врз основа на веќе укинат закон од страна на Уставниот суд, и повлечена од тие причини, може да биде законски основ за ослободување на сите обвинети?! Чекајте: ако се снимките нелегално прибавени, па заради тоа, наводно, не се правно солидни; како илегалната постапка на претседателот е правно тотално солидна за да се прекинат сите легални процеси?! Да се потсетиме, по претседателската аболиција судот донесе решение за прекинување на постапките против обвинетите, на што се жалеше СЈО, а пред судот да донесе валидно правосудно решение, Хорхе ја укина аболицијата. Сега адвокатите на одбраната сакаат да се впуштат во правна расправа дали во правото е прво јајцето или кокошката, иако и Уставниот суд се дистанцираше од таа дилема.

Да, да, малку е хаотична е целата состојба, знаеме – особено по одлуката на Врховниот суд во Грција – ама секој суд има задача не само да дели право, туку да дели и правдина; во нејасни ситуации, ова второто му е поважната општествена должност на судот, особено кога вината е прилично очигледна (и увослушателна!).

(Кога сме веќе на ова, да забележам дека и делото за исклучително тешката злоупотреба на службената положба на Иванов со аболицијата не е застарено. Напротив, ќе трае уште многу години. На пример, баш си мислам, како лидерите на националистичката Левица политички не се сетија за тоа да го тужат Иванов, ами им текна да ги тужат Заев и Димитров за преговорите за името?! Или, барем, да поднесеа две тужби истовремено?)

Или дека ВМРО-ДПМНЕ резолутно го одбива предлогот „Република Илинденска Македонија“ како неприфатливо ново име за државата, а по кој повод видни инстанци во Грција тврдат дека Илинденското востание е иредентистичко, поради ставовите на водачите на тоа востание кои се, истовремено, клучните основачи и раководители на тогашното и денешно ВМРО?! Тоа им доаѓа од истата таа Грција во која половина раководство на македонската националистичка опозициона партија, аболираните, сега планираат како да киднат, за да се спасат во прегратките на грчкиот Врховен суд од правдата во Македонија.

Па, кој е овде луд, а кој збунет? Кога веќе немате намуз, имајте барем исав! Не сме сите (или барем не од исти причини) на антидепресиви, на енергетски стимуланти и на друг вид халуциногени дроги. А и не е фер, вие ги купувате по дилерска цена, директно од производителите! Ние мораме на рецепт.

Извор: Цивил медиа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...