Апелација ја укина пресудата за екс кавадаречкиот градоначалник за поткуп

571

Апелацискиот суд Скопје ја укина пресудата со која поранешниот кавадаречки градоначалник Александар Панов беше осуден за поткуп при избори и гласање.

Со пресуда на Основен суд Кавадарци во август минатата година, Александар Панов беше осуден на два месеца затвор за кривично дело поткуп при избори и гласање.

За ова дело предвидена е парична казна или казна затвор до една година, појасни тогаш судијата доктор Лазар Нанев.

– Согласно на законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната, делото се класифицира во петта хоризонтална категорија каде врз основа на податоците за личноста се класифицира во прва вертикала бидејќи е неосудуван досега, за што законодавецот утврдил парична казна од пет до 120 глоби или затвор од 30 дена до два месеца – појасни тогаш судијата Нанев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...