Шефот на дипломатијата Никола Димитров, во четврток и петок треба да се сретне во Њујорк со грчкиот колега Никос Коѕијас и да почне новата рунда преговори. Македонската страна повторно ќе го стави на маса предлогот Република Илинденска Македонија, кој Грција веќе го одби.
Димитров во пресрет на средбата и пред полетувањето, на Фејсбук побара мудрост и нерви.
Како што претходно информираше МНР, Димитров и Коѕијас ќе се сретнат овој пат во присуство на личниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц.