Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Титаник 2“, кој се однесува на договарањето гласови во Државната изборна комисија (ДИК). Судењето треба да продолжи со воведни зборови на одбраната.
Обвинети во предметот се поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, лидерот на ДПА Мендух Тачи и неговиот сопартиец и поранешен член на ДИК Бедретин Ибраими.
На обвинителна клупа во овој предмет на СЈО седат и други поранешните членови на ДИК: Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.
Обвинението се однесува на влијанието на Мијалков и Тачи за членовите на ДИК да донесат незаконска одлука со цел да се прегласува на едно избирачко место во Струмица на локалните избори во 2013.
На минатото рочиште сите обвинети рекоа дека не се чувствуваат за виновни, а обвинителката Фатиме Фетаи ги кажа и воведните зборови за предметот посочувајќи дека мотивот на Мијалков за извршување на делото бил чувството на недопирливост и страв од пораз.