На „Ибеј“ се продаваат подароци од кралската свадба

407
Десет торбички со подароци кои се делеле на венчавката на војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган, се понудени на продажба на аукцискиот сајт „Ибеј“.

Некои од подароците на аукциите достигнале цена и од 1.100 евра.

Овие торбички им беа поделени на сите 2.640 гости, кои беа повикани за свадбата во дворецот Виндзор, но не можеа да влезат во капелата.

Во овие торбички со подароци имаше шишиња со вода, чоколадни парички, магнети за фрижидер, беџови и ваучери од продавницата за сувенири во дворецот Виндзор.

Останатите 600 гости кои се наоѓаа во капелата, меѓу кои беа и Дејвид и Викторија Бекам, Опра Винфри и Џорџ и Амал Клуни, не добија вакви торбички.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...