Дескоска ја стокми Стратегијата за образование, оди да ја среди правда

При реконструкцијата на владата таа ќе си замине од оваа министерска фотелја, но ќе остане во Владата како министерка за правда. Образование и правда се ресорите кои меѓусебе ќе ги ротираат СДСМ и ДУИ. Образование ќе го преземе нејзиниот досегашен заменик Арбер Адеми. 

886

Без оглед кој и да е министер за образование и наука, тој ќе биде должен и мислам дека ќе има волја да ги спроведе реформите кои ги зацртавме, рече министерската за образование и наука Рената денеска при денешната промоција на Стратегијата за образование 2018-2025.

При реконструкцијата на владата таа ќе си замине од оваа министерска фотелја, но ќе остане во Владата како министерка за правда. Образование и правда се ресорите кои меѓусебе ќе ги ротираат СДСМ и ДУИ. Образование ќе го преземе нејзиниот досегашен заменик Арбер Адеми.

– Јас не се откажувам од реформите бидејќи тоа се реформи на Владата. Не се лично мои или на било кој поединец. Како Влада ќе стоиме сите заедно и ќе даваме поддршка на реформите во сите области, вклучувајќи го и образованието – рече Дескоска.

Прашана како ги коментира шпекулациите за нејзиниот трансфер во Министерството за правда, Дескоска рече „мислам дека толку се интензивираа што веќе денеска не се ни на ниво на шпекулација“.

Таа се задржа во МОН нецела година, период во кој се стокми Стратегијата со која ги најави клучните реформи во образованието, се направи предлог-наставна програма за прво, второ и трето одделение, се укина екстерното тестирање и се стопираше Кембриџ програмата за средно образование.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...