СКАНДАЛ Погледнете како славеа навивачи на „Шкендија“, навредувајќи ги Македонците! ВИДЕО

Недоличното однесување веќе наиде на жестока осуда на социјалните мрежи, но отсуствуваат официјални реакции.

6375

Погледнете како група навивачи на фудбалскиот клуб „Шкендија“ ја прославија шампионската титула, навредувајќи ги Македонците.

Тие вулгарно го извртеа текстот на песната „Македонско девојче“, пеејќи: „Македонско девојче, к…. голема!“

Им се извинуваме на читателите што мораме да го опишеме овој скандал. Но, потсетуваме дека на ист начин реагиравме и кога припадници на други навивачки групи скандираа „Чиста Македонија“ и бараа „гасни комори за Шиптари“.

Сите овие појави се за најостра осуда и немаат врска со спортот. Остануваме во надеж дека поголемиот дел од навивачи на „Шкендија“ спортски ја прославија заслужената титула.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...