Ф.Б.(53) од Гостивар вчера околу 11 часот пријавил дека во населбата Циглана забележал експлозивна направа.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар и од Дирекцијата за заштита и спасување. Експлозивната направа била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.