Не може да се очекува уставна промена за кое било решение за името, порача премиерот Зоран Заев.
Тој вели дека Република Илинденска Македонија е име кое не го загрозува, туку напротив фо зајакнува идентитетот на Македонија, а на Грција и дава сложено име со временска одредница.
Во Македонија не отпадна овој предлог. Мислам дека не постои политичка партија, интелектуалец, нормален граѓанин кој е повреден со овој предлог. Верувам дека треба да продолжиме. Прво да го разгледаме ова решение до крај и апелирам до сите во Грција да го разгледаат, зошто е вредно – рече Заев.
Премиерот посочи дека состанокот во Њујорк на 24 и 25 меѓу Метју Нимиц и министрите за надворешни работи на Македонија и Грција е закажан од претходно и изрази верување дека решение може да се пронајде.