Одбраната смета оти злосторничкото здружување на Груевски за изборите тешко ќе се докаже

856

Моето мислење како бранител и моето искуство врзано за Основниот суд Скопје 1 говори дека низ праксата се покажа дека големината на обнителните акти и наводното злосторничко здружување е исклучително тешко за докажување посебно ако се има предвид широкиот временски период, рече адвокатот Дончо Наков во неговите воведени зборови за предметот Титаник кој се однесува на изборни местенки и финансирање на изборните кампањи на изборите во 2011, 2013 и 2014 година.

Одбраната тврди дека ќе докаже оти обвинетите во предметот не ги сторитиле делата кои им се ставаат на товар. Некои од обвинетите, рече адвокатот, и воопшто не можат да бидат осудени.

Во воведниот говор Наков изнесуваше аргументи за кривичните дела и за секој обвинетите со коишто аргументи, според одбраната, во текот на постапката ќе ја докажуваат неоздржаноста на обвинението.

Во Титаник обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, како и неговиот поранешен шеф на кабинет Мартин Протуѓер, екс генералниот секретар на Владата Кирил Божиновски, поранешните министри Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, градоначалникот на Пустец Едмонд Телемко, пратеникот Илија Димовски, како и Билјана Бришкоска Бошковски, Мунир Пепиќ, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

На претходното рочиште воведени зборови даде и обвинителката од СЈО Лиле Стефанова, која кажа дека во истрагата за овој предмет сослушале вкупно 191 лице како сведоци, преслушале над 1.000 телефонски разговори и прибралд околу 5.900 докази. Стефанова, исто така, побара и конфискација на имот во вредност од околу 140 милиони денари од Груевски, Протуѓер, Димовски и Ристовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...