Левица поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев за сторено дело од кривичниот законик кој се однесува на загрозување на Уставниот поредок.
-Граѓанин кој ќе доведе државата во потчинетост од друга држава го сторува ова кривично дело. Се повикуваме на официјалните изјави на премиерот на Македонија и на премиерот на Грција. Сметаме дека на средбата која се оддржа на 17 мај со прифаќање на ерга оменс решение и изјавата дека ќе се стори се што е во моќ на премиерот тоа да стане официјана држава политика Република Македонија и се подриени нејзините меѓународни позиции во преговарачкиот процес и е нанесена штета и е доведена државата во зависност од друга држава. Бараме распит на пријавениот и процесуирање на случајот -рече Димитар Апасиев од Левица.
Апасиев додаде дека предметот ќе се проширувал и против шефот на диполматијата, Никола Димитров кој самиот призна дека тој го подготвувал сето ова што упатува на здружување и организирање за ставање на Република Македонија во зависна положба од друга држава.