Во Скопје вчера околу 14.30 часот на крстосницата од улица „Волковска“, улица „1“ и улица „2“ во село Ново Село, В.Д.(31) од село Чардаклија, штипско, управувајќи патничко моторно возило „Југо“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во столб.
Од незгодата возачот В.Д. се здобил со повреди по што со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде му се констатирани тешки телесни повреди, додека сопатниците Р.К.(19) и С.К.(18), двајцата од Скопје се здобиле со телесни повреди кои им се констатирани во Градска општа болница „8-ми Септември“-Скопје.
Извршен е увид на местото на настанот.