Предлогот „Република Илинденска Македонија“ го зајакнува идентитетот изјави вечерва министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за време на гостување на телевизијата „1ТВ“.
– Илинден го има во двете преамбули на Уставот. Тоа се двата столба на нашата државност и тешко е да си за Македонија, а да не си за Илинденска Македонија – рече Димитров.
Тој информира дека предлогот бил утврден на министерско ниво на средбите со неговиот колега Никос Коѕијас, пред за него да разговараат и премиерите.
За средбите со Коѕијас, откри дека често се главно пријателски иако се расправаат на преговорите.
-Нема министер со кој се гледам почесто. Сега повторно ќе се сретнеме оваа недела во Њујорк – рече Димитров.
Тој изјави и дека премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас имаат цврст однос и сакаат ова прашање да се реши.