„Свиркачите“ Лазаревски и Костовски номинирани за награда за чувари на правото на информирање

Годинашната награда е во чест на Дафне Каруана Галиција, новинарка од Малта, која беше убиена со бомба поставена во нејзиниот автомобил. Кој ќе ја добие наградата одлучува жири комисија од девет члена.

670

Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, вработените во МВР, кои го открија скандалот со масовното прислушување и придонесоа за промена на власта се номинирани како  укажувачи за наградата која ја доделува Европскиот парламент.

Мотото на годинашната награда е „Новинари, укажувачи и чувари на правото на информирање”. Европскиот Парламент на 29 мај ќе ги прогласи победниците и ќе ја  додели награда која изнесува 5000 евра.

Наградата е посветена на поединци или групи кои биле заплашени и / или прогонувани за откривање на вистината и нејзино објавување бо јавноста.

Годинашната награда е во чест на Дафне Каруана Галиција, новинарка од Малта, која беше убиена со бомба поставена во нејзиниот автомобил.

Кој ќе ја добие наградата одлучува жири комисија од девет члена.

Покрај македоснките „свиркачи“ номинирани се и Јан Куцијак, словачки истражувачки новинар, кој истражуваше даночни измами меѓу бизнисмени и словачки политичари, потоа Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“, Марија Ефимова, укажувач, која откри корупција поврзана со политичарите во Малта и Рафаел Халет, укажувачот за даночна евазија во Луксембург, поврзан со „Луксембург Ликс“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...