Еден детаљ од венчавката на принцот Хари и Меган предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.
Имено, празното место во првиот ред на гостите на церемонијата се протолкува како место оставено за мајката на Хари, принцезата Дијана.Ова го објавија и некои портали што ја подгреаја јавноста.
Јавноста ја коментира секвенцата кога Меган доѓа до Хари, кој ја чека пред олтарот, кога се гледа принцот Чарлс, Камила и Кејт Мидлтон како ги гледаат, а до седиштето на принцот Вилијам, кое се наоѓа пред кралицата, имало празно место.
„Не можам да поверувам колку е убав овој гест. Ја обожавав принцезата Дијана. Ова навистина ме расплака“, напиша верен обожавател на Лејди Ди.
Меѓутоа, репортерката Ребека Инглиш на својот профил на Твитер им објасни на следбениците зошто тоа место било празно.
„Видов дека некои портали објавуваат дека местото покрај принцот Вилијам е оставено празно во чест на покојната Лејди Ди. Оваа информација не е точна. Местото пред кралицата секогаш мора да биде празно“, напиша Ребека.