Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев постигна гол во последниот натпревар за Џенова оваа сезона.
Погодокот на Пандев не беше доволен Џенова да го избегне поразот од Торино (1:2).
Македонецот сезоната ја завршува со пет погодоци.
Џенова ја исполни целта, опстанок во Серија А.