На еден месец до стартот на четвртото издание на ракометниот камп „Кирил Лазартов 7“, најдобриот македонски ракометар Кирли Лазаров го комплетираше тимот кој ќе работи со младите таленти.
– Нашите тренери се еден од поважните фактори кои придонесува да имаме успешен и квалитетен камп. Сакаме и даваме шанса на сите квалитетни и амбициозни помлади тренери од Македонија кои сакаат да бидат дел од кампот, истовремено благодарни сме за прифаќањето на соработката од нивна страна – изјави Лазаров.
Оваа година, своето искуство на кампот ќе го пренесат тренери од различни земји: Морген Вајс некогашниот селектор на младите дански репрезентативци, Патрик Петерсен најнаградуваниот млад дански тренер кој во моментов дел од РК ” Ајакс Копенхаген, Оља Кецман некогашна репрезентативка на Југославија денес врвен тренер во женскиот ракомет која ни доаѓа од Данск и македонската ракометарка Наташа Коцевска која има будселигашко искуство.