Влашката заедница во Македонија денеска во хотелот Александар Палас во Скопје го одбележа 23 Мај – Меѓународниот ден на Власите.
Македонија е единствената држава во која влашкиот народ е составен дел од Уставот и согласно Законот за празници – 23 Мај е признат како неработен ден за влашката заедница.
– Македонија е пример не само на Балканот, туку и во Европа, како можат да се негуваат, унапредуваат различностите и сметаме дека тоа е можеби најголемаиот аргумент зошто Македонија треба да биде дел од европската ѕзевдено небо. Тоа го правиме не само со зборови, со уставни и законски одредби, туку и во нашето секојдневно живеење. Влашката заендица има посебно место во Република Македонија бидејќи Вие и вашите претци дадоа значаен придонес – историски, културен, културен и политочки во изградбата на нашата заедничка држава- истакна вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.
Таа ја предводеше владината делегација, во чиј состав беа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменик министерот за економија Кире Наумов, на свеченоста на која денеска беше одбележан Меѓународниот ден на Власите.