Двајца полицајци се нападнати додека реагирале при нарушување на јавен ред и мир во сендвичарница во населба Илинден.
Напаѓачи се К.К.(18) и М.М.(21) двајцата од населба Илинден. И двајцата се периведени во Полициска станица Гази Баба.
Поради повредите на М.М. му е укажувана лекарска помош е пренесен во комплекс клиники “Мајка Тереза”.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
За настанот е известена внатрешна контрола во МВР.