Скопјанец нападнат додека пешачел на паркинг кај СЦ „Борис Трајковски“

Според она што го соопшти полицијата, тој и неговата сопруга се движеле пеш и при разминување со „тојотата“ од неа излегло едно лице кое физички го нападнало пријавителот нанесувајќи му видливи повреди.

748

В.Д.(40) од Скопје, вчера бил претепан на булевар 8-ми Септември на излезот од паркингот кај Спортски центар „Борис Трајковски“. Како што пријавил во полицијата подоцна тој бил нападнат од возач на  „тојота ланд крузер“.

Според она што го соопшти полицијата, тој и неговата сопруга се движеле пеш и при разминување со „тојотата“ од неа излегло едно лице кое физички го нападнало пријавителот нанесувајќи му видливи повреди.

Откако биле раздвоени од две лица кои исто така биле во возилото, сторителот со возилото тргнал кон повредениот и удрил во канделабра и во него.

Полицијата презема  мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...