Милчин: Време е за тајм аут во преговорите со Грција

Граѓаните се нестрпливи со право, бараат социјална правда и казнување на криминалците, без оглед на партиската и етничката припадност., пу порачува Милчин на премиерот Зоран Заев.

3847

Професорот Владимир Милчин бара пауза во преговорите. Тој во изминатиот период повеќе пати апелираше да се заштити македонскиот идентите во преговорите за името, и е против промена на уставот под притисок на Грција.

„Врати се дома, Заев, време е за тајм аут во преговорите со Грција. Граѓаните се нестрпливи со право, бараат социјална правда и казнување на криминалците, без оглед на партиската и етничката припадност. И бараат пристојност и ограничување на привилегиите на властодршците“, напиша Милчин на својот фејсбук профил, откако официјална Атина го одби предлогот „Република Илинденска Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...