Времето денеска ќе биде сончево со мала доумерена облачност. Попладне во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд со ретки грмежи. УВ индексот е седум.
Утринската температура ќе се движи од пет до 13 степени, а дневната од 17 до 29 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната температура до 27 степени.
Во текот на следната недела во попладневните часови повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Помалку услови за нестабилност има во вторник.