Првата дама на САД Меланија Трамп се врати во Белата куќа после престој во волница поради операција на бубрезите.
Белата куќа соопшти дека првата дама се вратила денеска, и оти била во медицинскиот центар Волтер Рид во близина на Вашингтон откако во понеделникот била подложена на процедура за емболизација за лекување на бенигна состојба на бубрезите.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја посети својата 48-годишна сопруга неколку пати за време на нејзиниот престој во болница.