Црногорец сакал да пренесе лекови со куфери, го фатиле кај Долно Блаце

586

На граничниот премин „Долно Блаце“ завчера бил спречен шверц на голема количина лекови која требало да се пренесе од Македонија кон Црна Гора, информираат од МВР.

Според информациите, на 17 мај на преминот „Долно Блаце“ на излез од Македонија, во возило „шаран“ со македонска национална ознака била пронајдена поголема количина лекови која требало да се пренесе од Македонија кон Црна Гора.

Околу 19.20 часот на излез од граничниот премин со возилото „шаран“ се пријавиле пет лица, при што од страна на полициски службеници возилото било селектирано за дополнителни проверки.

При проверка на возилото и личниот багаж во три куфери сопственост на А.Х.(53) од Црна Гора била пронајдено поголема количина на лекови: Efridol, Aerus, Lexilium, Diazepam, Trodon, Amoksiklav, Edemip, Xanax, Xenical, Levitra, Rovamicine, Kreon, Viagra, Regnyk, Testosteron и Kenaglog.

За лековите лицето не поседувало никаков документ, а лековите не ги пријавил во царинска контрола за излез од Македонија. З.Ј., кој го управувал возилото и А.Х. се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...