Полицијата информира дека околу 22 часот во Скопје на улица „Добре Даскалов“ на балкон од стан сопственост на И.Ф.(60), непознати лица фрлиле шише со непозната запалива течност и го напуштиле местото на настанот, при што опожарен е само балконот и причинета е само материјална штета.
Извршен е увид на местото на настанот, се преземаат мерки за расчистување на случајот.