„Розов кит“ го замени „Синиот кит“ што наведуваше на самоубиства

Интернет играта „The Pink Whale Challenge“, наместо негативни пораки, самоповредување и самоубиствa, како нејзиниот претходник„Blue Whale“, се труди да поттикне добри постапки кај луѓето и позитивност.

507

По трагедиите кои ги предизвика интернет играта Blue Whale(„Синиот кит“), никој не сака да слушне за нешто слично. Сепак, за да се докаже дека интернетот може да се користи и за добро, смислен е „Pink Whale(„Розовиот кит“) или „Baleia Rosa . Можеби сите ќе си помислат дека ова ќе биде уште една катастрофа, ако не и полоша, но „Pink Whale“ е навистина спротивното. Создадена во Бразил во април, играта стана толку популарна што има повеќе од 300.000 следбеници на Фејсбук и 45.000 на Инстаграм.

– Целта е да се докаже дека интернетот може да се користи за ширење на љубов, затоа беше создаден „Pink Whale“ – вели нивниот официален вебсајт, baleiarosa.com.br.

Исто како „The Blue Whale Challenge“ и оваа игра им презентира 50 предизвици на нејзините играчи, но ефектот е спротивен. „The Pink Whale Challenge“, наместо негативни пораки, самоповредување и самоубиство, се труди да поттикне добри постапки кај луѓето и позитивност.

Некои од предизвиците се овие: со маркер напиши му на рака на некој колку го сакаш; извини му се на некој или прости му; извикај се „јас се сакам себеси“ на улица; кажи му на некој од твоето семејство дека го сакаш… Последниот предизвик е да се обидеш да му помогнеш на некој или на нешто, или да донораш на некоја организација.

The Pink Whale“ може да се даyнлодира на Android и iOS бесплатно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...