Пратеничка на СДСМ која искешира 11.736 евра од народната каса: Акцизата нема да ги погоди сиромашните, тие немааат автомобили!

1576

Пратеничката на СДСМ Мира Стојчевска на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет кажа дека покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните, бидејќи не поседуваат автомобили, пишува порталот Сакам да кажам.

Комисијата вчера расправаше за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се укине покачувањето на акцизата на дизелот од три денари, кое стапи на сила на 1 јануари. Мнозинството во Комисијата за финансирање и буџет го одби предлогот на опозицијата, а образложението за неприфаќање на предлогот го даде Стојчевска, која минатата година зеде 11.736 евра за патни трошоци.

„Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните граѓани бидејќи 60% од сиромашните домаќинства во Македонија немаат автомобил“, кажа пратеничката на СДСМ од Делчево.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...