Мицкоски: Мене ми се допаѓа Република Македонија, ставот ќе го кажеме по лидерската

2329

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека ставот на партијата по евентуалниот предлог за договор за името ќе го даде после лидерската средба закажана за утре во Скопје.

– Што се однесува на прашањето за името, да почекаме утре лидерската средба, после неа ќе имаме став и позиција. Засега немам став, јас сум сериозен човек, за сериозни теми сакам да располагам со сериозни информации. Не би сакал да претпоставувам, ниту да одговарам на хипотетички прашања. Гледаме оптимизам, песимизам, и од грчка и од македонска страна прилична какафонија, така да ја почекаме лерската средба и ќе добиете одговори. Лично мене ми се допаѓа Република Македонија – рече Мицкоски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...