Стариот изгубен континент лежи на дното на Индискиот Океан, под островот Маурициус, се вели во новата студија предводена од геолог од Универзитетот на Јужна Африка во Витватерсранд, пренесува qz.
„Мавриција“, како што истражувачите го нарекоа континенталниот фрагмент, најверојатно се откинал од суперконтинентот Гондвана кога тој се распаднал пред 200 милиони години по што се формирале континентите на Африка, Индија, Австралија, Јужна Америка и Антарктикот.
Тимот пронајде циркони само 8 милиони години стари, минерал кој се наоѓа главно во гранитот на континентите, а кои се дел од островот Маурициус околу 3 милијарди години.
– Фактот дека сме нашле циркони со ваква старост докажува дека има многу постари материјали од кора под Маврициус што може да потекнуваат само од континент – рече Луис Ашвал од Универзитетот Витс и главен автор на извештајот објавен во Nature Communications оваа недела .
Истражувачите претходно нашле кристали од циркон со слична старост на плажите на Маурициус, но критичарите се сомневаат дали минералот можел да биде пренесен на островот од друго место. Студијата на Ашвал ги проучувала кристалите пронајдени во тракитските карпи од вулканско потекло, каде што цирконите може да бидат само од вулканска ерупција.
За да се утврди староста на кристалите, тимот на Ашвал работел внимаелно за да избегне меѓусебна контаминација на карпите од други примероци. Освен тоа, лабораторијата во германскиот геоистражувачки центар во Потсдам, Германија, никогаш не обработувала карпи постари од овие цирконите.
„(Цирконите) не можеле да бидат пренесени во карпите со помош на ветер, бранови или да бидат транспортирани од птици, автомобилски гуми или чевли – рече нучникот Ашвал.
Подготви: А.Ј.