Касами: Треба да остане ова име, се друго треба да биде нов договор со сите

2849

Лидерот на движењето БЕСА Билал Касами рече дека се уште не добиле официјална информација за предлог решението за името.

– Официјалниот став на БЕСА е името да ја рефлектира на реалноста на општеството во државата Македонија, а тоа е мултиетничноста и мултиконфесионалниот карактер. Секое друго име не ги претставува сите граѓани на Република Македонија. Лично сметам дека треба да остане ова име, се друго треба да биде нов договор со сите – рече Касами.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...