Мукаетов: Нека победи ракометот

173

Посебна чест и задоволство ми е што денес токму во нашиот град, гостин ми претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, но, тоа што особено ме радува е декаБитолае избран за градот во кој се одржува завршницата на купот на ракометот во нашата држава, изјави градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

Претседателот на РФМ нагласи, дека Битола е на добар пат кон враќање на интересот за ракометот и подигнување на квалитетот на овој спорт.

– Ми претставува задоволство што сум денеска тука, што сум гостин на градоначалничката на Битола, што еве овие два дена завршницата на купот ја одржуваме тука. Ова е 26 ти пат, оваа година во Битола, очекуваме да биде, динамично, интересно, позитивно. Добро е што Битола се враќа на оние патеки од порано, се гледа дека расте интересот за ракометот во Битола, расте квалитетот и на двата клуба кои ги има Битола и со самото тоа е дел и од една стратегија на РФМ, а тоа е да полека ракометните центри се враќаат назад, се подигнуваат, да стануваат поквалитетни и нашите нови ракометари и ракометарки да доаѓаат од сите краеви на Македонија, да не биде се сконцентрирано само во главниот град – изјави Мукаетов, Претседател на РФМ, посакувајќи овие два дена во Битола да победи ракометот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...