Иванов ги спаси Грујевски и Бошковски од екстрадиција

1840

Главниот аргумент на грчкиот Врховен суд за да не ги екстрадира во Македонија Горан Грујевски и Никола Бошковски била амнестијата која ја направи претседателот Ѓорге Иванов пред две години, објави ТВ 24.

Во листата амнестирани беа 57мина а меѓу нив и Грујевски и Бошкоски. Тамошниот суд одлучил дека еднаш донесена одлука за амнестија не може да биде повлечена.

Двајцата остануваат во Грција и во меѓувреме ќе бидат ослободени од затвор, но нема да имаат право да ја напуштаат земјата.

Таму тие чекаат одлука и дали ќе добијат политички азил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...