Четириесет и деветгодишен Македонец се бори за живот во болницата во Сисак, Хрватска, по тешката сообраќајна несреќа што се случила во четвртокот рано наутро, во 2 часот по полноќ, на автопатот кај местото Кутина, пренесува „Вечерњи лист“.
Македонскиот државјанин, управувајќи камион со приколка, не се придржувал до потребното растојание во однос на возилото пред него, при што дошло до судир со камион со романски регистарски таблички.
Во несреќата се повредени три лица.
ФОТО: Противпожарна екипа