Со какво богатство располага идната гувернерка на НБРМ?

На сопствено име Анита Ангеловска-Бежоска пријавила приходи од експертски услуги за ММФ и две трансакциони сметки во НЛБ банка . На едната од нив има 1.367.566 денари, додека на другата 105.330 денари.

5254

Актуелната вицегувернерка во НБРМ Анита Ангеловска-Бежоска која е предлог на претседателот Ѓорге Иванов за гувернерка  во својот анкетен лист доставен до Антикорупсиската комисија пријавила три стана, автомобил, хартии од вредност, но и кредит.

Два од становите пријавени во имотниот лист на вицегувернерката се водат на име на нејзиниот сопруг, додека еден е на нејзино име. Сите три станови брачниот пар ги стекнал со договор за купородажба.

Два од трите станови се проценети на над 6 милиони денари а еден е проценет на 4 милиони денари.

Ангеловска-Бежоска пријавила и автомобил „хонда акорд“кој е на име на сопругот.

На сопствено име Анита Ангеловска-Бежоска пријавила приходи од експертски услуги за ММФ и две трансакциони сметки во НЛБ банка . На едната од нив има 1.367.566 денари, додека на другата 105.330 денари.

Вицегувернерката пријавила и акции на име на сопругот од 3.497.886 денари.

Ангеловска-Бежоска има и кредит од 3.444.163 денари кој е исто така на име на брачен другар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...