Опцијата за името која што би можела да биде прифатлива од двете страни, е комплетно решение, рече премиерот Зоран Заев на заедничка прес-конференција во Владата со британската премиерка Тереза Меј, а во врска со средбата со неговиот грчки колега во Софија.
– Едно е сигурно, пријателството ќе расте помеѓу Македонија и Грција и од тоа бегање нема. Довербата е изградена, граѓаните не упатуваат на тоа, тие соработуваат, институциите соработуваат, но јас искрено верувам дека може да најдеме решение. Опцијата која што би можела да биде прифатлива од двете страни е комплетно решение. Значи, не се работи само за парцијални делови. Секако, продолжуваат консултациите внатре во двете земји за да видиме дали навистина тоа решение би можело да биде прифатливо за двете страни -одговори премиерот Заев на новинарско прашање.
Според него, евентуалното нерешавање на спорот за името не би требало да создаде дестабилизација, бидејќи станува збор за прашање кое не е решено веќе 25 години.