Наредната среда, на 23 мај, судијката Добрила Кацарска ќе ја прочита пресудата за случајот „Тенк“ во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски за набавката на блиндираниот мерцедес.
Судскиот процес за овој предмет започна на крајот од јануари годинава и е прв во кој е обвинет Груевски што ќе дојде до разрешница пред првостепениот суд. Тој е обвинет уште цо четири други предмети на СЈО.
Во „Тенк“ екс премиерот е обвинет за кривичното дело примање награда за противзаконско влијание, додека Поповски за злоупотреба на службената положба и овластувања.
За истото дело како Поповски обвинета е и екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, меѓутоа судската постапка за неа беше раздвоена поради ризична бременост.
Денеска заврши главната расправа за предметот, на рочиштето кое започна утрово во 10, а заврши во 18 часот, странките ги кажаа завршните зборови.
Како што информиравме цо текот на денот, обвинителите од СЈО побараа осудителна пресуда обвинетите да ги платат судските трошоци, а адвокатите и Груевски и Поповски изнесуваа аргументи зошто овој предмет треба да заврши со осудителна пресуда.