Нема никакви докази против мене. Обвинет сум за сакање, дека сум сакал да се набави возило. Обвинет сум зошто кога немало, ме возеле во друго возило. Генерации ќе се чудат за што бил обвинет поранешниот премиер.
Ова е само дел од она што го кажа Никола Груевски како одбрана во неговите завршни зборови во случајот „Тенк“.
– Имаше над 15 сведоци ниту еден не ме посочи мене за било што во оваа намера за набавка. Ниту во еден документ го нема моето име. Тука се само претпоставките на СЈО од креираните разговори кои може да бидат креирани – рече Груевски.
Тој потсети на сведоците од неговото обезбедување кои ја нагласуваа потребата од ново блиндирано возило поради честите дефеци и недоволното ниво на безбедност на старите возила. Груевски кажа дека странски делегации поради на безбедноста одбивале да се возат во старото, а новиот мерцедес го користеле.
– И бротанската премиерка Тереза Меј денеска ја пречекаа со тоа возило – рече екс премиерот.
Во дел од неговите завршни зборови тој зборуваше и дека всушност поудобно му било кога го возеле во неблендорано возило кое е и побрзо.
– Сум имал прилика да ме превезуваат и во блиндирано и во неблиндирано возило и ако баш сакате да знаете транспортот во неблиндирано возило е далеку подобрар особено кога се патува на подолг пат, пред се за оној кој седи на задното седиште – рече Груевски.