Ти благодарам Зоран за топлото добредојде. Задоволство ми е што сум тука во Скопје на 25 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји и горда сум што сум првиот премиер кој ја посетил вашата земја во овие 25 години, рече британската премиерка Тереза Мек на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.
– Можеме да видите што се случи по парламентарните избори, се случија големи промени и Македонија се отвори кон другите држави. Може да сметате на нашата поддршка. Вашата земја премиере е интегрален дел од Европа. Нашето пријателство ќе јакне и понатаму, иако повеќе не сме членка на Европската унија. Ви посакувам топло добредојде на Самитот во Лондон– рече Меј.
Обновено
Британската премиерка даде целосна поддршка во решавањето на спорот за името и порача дека решението ќе има придобивки и за Македонија и за Грција. Таа ја потенцираше и поддршката на Бритенија во споделивањето на воената експертиза и помошта во одбранбената стратегија. Како доказ за таа поддршка, Меј ја нагласи и одлуката на Обединетото Кралство да биде домаќин на следниот Самит посветен на Берлинскиот процес во јули.
– Подобрување на економската стабилност, подобра политичка соработка и надминување на проблемите во последните 30 години, ќе бидат во фокусот на овој самит. Вашата земја е интегрален дел од Европа, а еден просперитетен западно-балкански регион е од корист за сите во регионот и во Европа. Нашето пријателство ќе јакне и понатаму. Македонскиот одговор на нападот во Солсбери е доказ за вашата посветеност кон заедничките односи и никогаш не сме биле поблиску како земји -нагласи Меј.