Меркел: Државите од Западен Балкан имаат јасна европерспектива

91

Државите од Западен Балкан имаат јасна перспектива за члество во Европската унија, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференција по завршувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија.

Меркел истакна дека на средбата во Софија не е донесена никаква одлука за прашањето за проширување на ЕУ, но нагласи дека за таа тема ќе се разговара на следниот Самит на Унијата во јуни.

Германската канцеларка како особено значаен го нагласи напредокот во разговорите меѓу Грција и Македонија, изразувајќи надеж дека ќе биде најдено решение прашањето за името.

Како што јави БТА, Меркел оцени дека средбата во Софија била многу важна, бидејќи на неа биле водени многу корисни разговри и притоа и се заблагодари на Бугарија за добрата организација на собирот.

Според Меркел, на средбата биле разгледани прашања за соработката, за реализација на инфраструктурни проекти, за иранската нуклеарна програма и за трговијата,

Меркел при тоа нагласи дека земјите од ЕУ се договориле да продолжат да го поддржуваат иранскиот нуклеарен договор и покрај повлекувањето на САД од него.

Таа истакна дека ЕУ ќе ги продолжи преговорите со САД и останатите партнери околу договорот, со цел и Иран да не се повлече од него.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...