Во „Копче“ донирајте облека

1806

Се отвори „Копче“, новата приказна во градот и местото каде што отсега ќе може да придонесе во создавањето на хумано и солидарно општество. „Копче“ означува колективна свест, искрени намери и заедничка цел.

„Копче“ е проект кој го разви Црвен крст на Македонија – Црвениот крст на град Скопје како резултат на долгогодишно работење во областа на донирањето на облека и дистрибуција на истата до најзагрозените.

– Постојат луѓе кои храбро се борат против неправдата и се залагаат за рамноправност и емпатија. Таквите луѓе и концепти каков што е „Копче“ се најважната клетка во оштеството, а сиромаштијта е една од најголемите причини зошто луѓето се чувствуваат исклучени од него. „Копче“ е новата урбана приказна во градот која ќе ги спои хуманоста, достоинството и трудот. За жал, голем е бројот на граѓани кои добиваат ниски примања за својот труд, а не сакаат милосрдие. Во „Копче“ секој ќе може достоинствено да си го купи своето парче облека. Хуманоста е особина, но исто така таа се учи во текот на животот. Ако се водиме според мотото на Ганди – Биди ти промената која сакаш да ја видиш во светот, тогаш ова општество ќе биде посолидарно, поправично и поемпатично – рече  Ана Јовковска.

– Долго време ја развивавме оваа приказна за денес да изгледа вака. Една поинаква продавница – Подари приказна, облечи среќа, слоган кој ќе не направи горди, бидејќи секој граѓанин кој донира остава парче облека поврзано со некој среќен момент, а сега таа приказна ќе се пренесе во некое друго семејство – рече Сузана Паунова Тунтевска, Секретар на Црвен крст на град Скопје.

Сите приходи кои ќе се генерираат ќе бидат повторно наменети за одржливост на овој проект и мини работилницата во склоп на „Копче“ и тимот кој ќе се погрижи секое парче облека да изгледа убаво, доколку е потребно да се попави, испере, испегла, а потоа да биде изложено за продажба. Лицата кои се дел од овој проект се луѓе кои сакаат да направат промена во животот и да бидат работно ангажирани, да се чувствуваат корисни давајќи го својот максимум.

– „Копче“ е симбол на поврзувањето, а поврзувањето сега како никогаш досега ни е потребно. Поврзувањето на луѓето, на идеите, на сето она што го твориме и капацитетите и потенцијалите кои ги носиме – сето тоа води кон успехот. Неколку години ги градевме капацитетите за да можеме да отвриме „second hand“ продавница. Успешни сме ако сите заедно придонесеме во едно општество –  се обрати Марина Матеска, стручен соработник за социјално хумана дејност во Црвен крст и им се заблагодари на сите поддржувачи кои несебично се залагаа и се вложуваа за реализацијата на овој проект.

Посетете го и вие „Копче“ и бидете дел од создавањето на хумано и солидарно општество за сите нас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...