Разговаравме суштествено и разгледавме неколку опции. Една од опциите е решение прифталиво за двете страни. Продолжуваме со консултации дома за да видиме дали е возможно пракично спроведување на тоа решение. Ако е возможно веројатно ќе имаме решение.
Ова го изјави денеска во Софија премиерот Зоран Заев по средбата со грчкиот колега Алексис Ципрас.
– Важно беше да го потврдиме целиот успех кој министрите го постигнаа. Кога ќе го поминеме целиот процес ќе видиме колку се значајни нивните успеси. Изградивме неповратно пријателство со Грција. Би сакале решението да биде сега за да стаса до Самитот на ЕУ. Ако не е возможно, продолжуваме до барање на решение сѐ додека не се договориме. Мора да разговараме со претседателите на двете држави, со другите лидери, со шефовите на опозицајата, така што остануваме да ги разработиме и другите детали. Ако решението се потврди внатрешно би било и официјализирано – рече Заев.
Тој рече дека заедно со Ципрас разгледале можни опции за креативни решенија кои македонската страна ги презентирала, како и дека францускиот премиер Енамуел Макрон и германската канцеларка Ангела Мерекл го препознале лидерството на Македонија во процесот за наоѓање решение за долгогодишниот спор околу името со Грција.
На прашање дали може да дојде до одложување на решението за името, Заев кусо возврати „Не дај боже“.