Заев се сретна со Меркел: Успешната приказна на Македонија треба да продолжи ВИДЕО

371

Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со Канцеларката на Сојузна Република Германија Ангела Меркел.

Премиерот Заев, како што информира владината служба, на средбата ја истакнал исклучителната соработка и искрената поддршка на Сојузна Република Германија во сите политички процеси на современа Република Македонија.

„Република Македонија со активности на прогресивните политички сили во земјата направи квантен скок и од „заробена држава“, се врати на патот на демократските процеси за реформи во земјата и за интензивирање на евро-атлантската агенда“, се вели во владиното соопштение.

Премиерот Заев подвлече дека големата поддршка на граѓаните за аспирациите на земјата за членство во ЕУ и НАТО говори дека земјата нема друга алтернатива и дека тоа потврдува дека граѓаните на Република Македонија делат исти европски вредности и дека заслужуваат индивидуална проценка за напредокот врз основа на постигнатото.

Премиерот Заев истакна дека е убеден дека СР Германија ќе ја посвети својата поддршка за датум за преговори на претстојниот Самит на Европскиот Совет во јуни, и дека се надева дека на поддршката на Канцеларката Меркел во разговорите со останатите премиери на земјите членки на ЕУ.

На средбата уште еднаш беше реаифирмирана досегашната исклучително плодна соработка меѓу Република Македонија и СР Германија, која во изминатата година се потврди со вкупната трговска размена во висина од 3,6 милијарди евра.

Премиерот Заев на средбата со Канцеларката Меркел ја издвои како особено значајна за регионот иницијативата Берлински процес, од која произлегуваат голем број проекти за економско и останато поврзување на земјите од Западен Балкан, кои, истовремено, ги подигаат капацитетие на земјите од регионот во приближувањето на нивните стандарди до оние на ЕУ.

Премиерот Заев и Канцеларката Меркел разговараа и за можните последици доколку регионот и Република Македонија не ги добијат заслужените признанија и доколку се успорат процесите за интегрирање на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Такво сценарио ќе ги закочи реформските процеси, ќе ги охрабри ретроградните политички сили и ќе отвори простор за инволвирање трети страни што може да предизвика нарушување на стабилноста.

За да се елиминираат овие можни закани, успешната приказна на Република Македонија треба да продолжи и оваа година со храбри одлуки што треба да дојдат од ЕУ и НАТО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...