Судењето за предметот „Шпион“ на СЈО е одложено за 27 јуни во 10 часот поради не присуство на првообвинетиот Маријан Ефремов на денешното рочиште.
Како што информираа неговите адвокати, Ефремов на 15 мај е хоспитализиран и задржан на болничко лекување.
Одложувањето на рочиштето е на подолг рок за да им се овозможи на адвокатите да ги разгледаат дополнителните докази што денеска ги достави СЈО.