Оптимизмот кај Хан не попушта

134

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан, денеска од Софија, изрази оптимизам дека Македонија и Грција ќе го решат спорот за името. Но, тој не сакаше да дава прогнози за евентуалната временска рамка.

– Секогаш сум оптимист. И ќе останам оптимист. Двајцата премиери се на добар пат – рече Хан, коментирајќи ја средбата меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Во врска со можноста решението да се изнајде до јунскиот самит на ЕУ тој рече дека дотогаш има еден месец и оти сѐ е можно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...