Меркел во Софија: Во наш интерес е безбеден Западен Балкан

- Со цел мир и безбедност за сите нас важно е да имаме безбеден Балкан што економски добро ќе се развива - нагласи Меркел.

397

Германската канцеларка Ангела Меркел нагласи денеска дека во интерес на Европа е Западен Балкан да биде безбеден и економско добро да се развива.

По доаѓањето на Самитот ЕУ – Западен Балакан во Софија, таа рече дека денеска се разговара за Западен Балкан и оти премиерот на Бугарија Бојко Борисов доволно работел за време на претседавањето на ЕУ за приближување на тој регион кон Унијата.

– Со цел мир и безбедност за сите нас важно е да имаме безбеден Балкан што економски добро ќе се развива – нагласи Меркел.

ФОТО: Твитер на ЕУ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...