ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно го обвини градоначалникот Саша Богдановиќ за нехигиената во општината.
„Центар е нечист и полн со ѓубре. Граѓаните секојдневно се сведоци на урбаниот хаос, нечистотијата, купиштата ѓубре и дупки по улиците. Наместо Богдановиќ да се занимава со теории на заговор нека се фати за работа и да почне да ги остварува своите ветувања. Ѓубрето, депониите и обновата на улиците во Општина Центар нема да се средат сами од себе“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму испратија фотографии на кои се гледаат мини депонии низ центарот на градот.
„Центарци го избраа зошто ветуваше дека ќе ги среди проблемите и конечно ќе го реши проблемот со ѓубрето, уништените паркови и урбана опрема, добитокот кој слободно шета низ Општина Центар и слично. Жителите на Центар заслужуваат модерна и урбана општина но не заслужуваат градоначалник како Богдановиќ“, порачува ОК на ВМРО-ДПМНЕ.