Атлетико Мадрид со убедливи 3:0 го победи Марсеј во финалето од Лига Европа и по трет пат се закити со овој трофеј во второто по ранг натпреварување во Европа.
Антоан Гризман беше стрелец во 21-та и во 49-та минута, додека капитенот на Атлетико, Габи, погоди во 89-та минута.
Екипата на Диего Симеоне и пред натпреварот беше фаворит за освојување на овој трофеј, а на крајот и ја оправда фаворитската улога.