Новиот состав на Бундестагот ќе ги чини Германците повеќе за 60 милиони евра

Според нацрт-буџетот за годинава, трошоците на Бундестагот ќе се зголемат за 9.8 отсто и ќе изнесуваат 955.64 милиони евра. Најголем дел од буџетот се однесува на соработниците на пратениците кои ќе чинат 240 милиони евра.

324

Новиот состав на германскиот Бундестаг, со рекорден број пратеници, ќе ги чини даночните обврзници 60 милиони евра годишно повеќе од сега, јавува весникот Билд.

Според нацрт-буџетот за годинава, трошоците на Бундестагот ќе се зголемат за 9.8 отсто и ќе изнесуваат 955.64 милиони евра. Најголем дел од буџетот се однесува на соработниците на пратениците кои ќе чинат 240 милиони евра.

Во споредба со последниот состав на германскиот парламент, бројот на пратениците се зголемил од 631 на 709 пратеници. Претседателот на Бундестагот Волфганг Шоибел предупредува дека се нужни промени на законот со кој би се реформирал изборниот законик.

– Пратениците на Бундестагот мораат да бидат свесни дека ќе опадне угледот на парламентот кај граѓаните доколку нешто не се промени – рекол Шоибле за весникот Зидојче Цајтунг.

Бројот на пратеници се зголемил поради комплицираниот германски изборен систем и таканаречените прекубројни мандати, кои се добиваат кога во една сојузна покраина директно ќе бидат избрани повеќе кандидати од една партија отколку што и припаѓа на партијата според изборните листи.

Германските граѓани на избирачките ливчиња посебно избираат партија и посебно кандидати.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...