Баша против промена на границите на Балканот

267

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во екслузивно интервју за порталот Алмакос остро го напаѓа премиерот Еди Рама за аматеризам и недговорност во водењето на надворешната политика на Албанија.

Баша смета дека Рама во остуство на конкретни резултати во надворешната политика, односите со соседите ги претвара во големо шоу, каде тој глуми голем европски политичар.

– На Денот на Независноста, Косово го третира како провинција на Албанија. Косово е суверена држава, кое е големо постигнување на сите Албанци. Со тоа тој дава муниција на српската страна, да игра на тезата на Голема Албанија – вели Баша во интервјуто.

Тој тврди дека иднината на балканските земји не е во прекројување на границите, туку во нивната интеграција во ЕУ и НАТО.

– Секоја инвестиција што се презема да се ослаби овој првичен концепт, ова генеза на модерниот концепт за Албанскиот народ, е анти-албанска инвестиција. Не може да има друго решение. Другите решенија ги проба Србија, за што гледаме дека уште плаќа цена – истакнува Баша.

Според него, односите на Албанија и Македонија се во кома затоа што на честите билатерлани средби не се решаваат прашањата што ги заесгаат граѓаните од двете земји.

– Бариерите помеѓу Албанија и Македонија, но и помеѓу Албанија и Косово се највисоки од било кога досега. Трговијата, трговскиот биланс, трговската и економската размена, размена на луѓе, не се таму кај што треба да бидат – истакнува Баша.

Во врска со односите на албанската влада со политичките партии на Албанците, кои нивниот неуспех во Скопје го покриваат со помпезни посети во Албанија, Баша порачува дека Тирана не смее да биде место каде се перат гревовите на политичките претставници на Албанците од Македонија.

– Нема Тирана магично стапче да благосови или да фрли клетва врз политичарите Албанци во Македонија. Тие се производ на граѓаните Албанци во Македонија. Пораката што сакам да ја пратам до нашите Албанци во Македонија е дека ако сте незадоволни, преземете акција за да ја промените состојбата, внатре во политичките парти, во политичката сцена – додава Баша.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...