Мицкоски им се жалел на Курц и Хан дека власта врши политички терор

496

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во пресрет на самитот на Европската народна партија кој се одржува во Софија оствари средба со австрискиот канцелар Себастијан Курц и комесарот на Европската Унија за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан, информира ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата се разговарало за перспективите на Македонија, актуелната политичка состојба како и стратешкиот интерес на државата за членство во Европската Унија.

– Македонија се наоѓа во исклучитело тешка економска ситуација која резултира со намалување на стандардот на граѓаните, надополнета со сериозен политички терор наметнат од власта што сериозно ги подрива нејзините капацитети и загушува слободата. Очекувањата од владата се изневерени а народот се повеќе незадоволен -истакна Мицкоски.

Тој во однос на спорот за името ги изнесе принципиелните позиции и ставови на ВМРО-ДПМНЕ кои не се променети, како и впечатокот дека Владата го води целокупниот процес на разговори на максимално нетрапсарентен начин што го наметнува чуството дека нешто се крие. Од партијата велат дека било истакнато дека премиерот Заев нема монопол во одлучувањето за вака едно важно прашање за иднината на државата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакнл дека партијата ги поддржува европските интеграции на државата што се од интерес на самите граѓани што се покажа и преку активно учество и давање на сугестии во процесот на носење на реформските закони. Воедно била потенцирана и важноста истите да профункционираат во реалноста, за што осбено треба да превземе одговорност самата Влада.

Мицкоски истакнал дека Македонија заслужува и може подобро и дека градењето на мостови за соработка ќе е клучен елемент на ВМРО-ДПМНЕ во отворање на државата и исполнување на стратешките приоритети.

Мицкоски остварил разговор и со претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск. Се разговарало за стратешката цел на државата за интеграција во Европската Унија и за продлабочување на соработката на тој план.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...